BET-IBC совети за обложување: Барселона брка историја, Барди го брка рекордот на Меси

by
5 минути читање

Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Леванте – Барселона: Повеќе од 2,5 погодока

Вечерашната пресметка на Сиутат де Валенсија веројатно ќе изгледа како пријателски натпревар во средината на мај, Леванте и Барселона ги остварија своите цели и мечот нема резултатско значење. Домаќините обезбедија опстанок по одличната серија под водство на Пако Лопез, додека пак гостите ја освоија двојната титула. Сепак, Барса има посебни мотиви, а тоа е да ја продолжи серијата без пораз која сега брои 43 меча. „Каталонците“ се на чекор до историја односно да станат првиот шампион кој ја завршил сезоната без пораз. И домаќините имаат свои математики, особено нашиот Енис Барди, кој го брка рекордот на Лео Меси. Аргентинецот оваа сезона во Шпанија постигна шест погодоци од слободен удар, додека пак Барди биеше прецизно во пет наврати. Македонецот сепак ќе нема прилика за директен дуел на теренот, Ернесто Валверде реши да му даде одмор на својот најдобар играч. Покрај Меси, тренерот на Барса ќе биде и без суспендираниот Серхи Роберто како и повредениот Самуел Умтити. Жерард Пике би можел да биде поштеден и да остане на клупата за резерви, па срцето на одбраната веројатно ќе ја сочинуваат Вермален и Мина, што сигурно отвара простор за Леванте да го изненади противникот. Домаќините се полни со самодоверба откако на последните десет меча имаат само еден пораз и дури седум победи, и сигурно ќе сакаат да се покажат во одлично светло во последниот натпревар пред своите фанови оваа сезона. Но имаат лоша традиција против Барса, Леванте има одиграно 17 меча против „Каталонците“ и никогаш не победил. Барса има пет победи во серија против Леванте во Ла Лига. На четири од овие меча имаше најмалку три погодока, таков беше исходот и на првиот меч оваа сезона, па за очекување е нова пресметка со многу погодоци.

Маритимо – Спортинг: Победа на гостите

Спортинг и нашиот Стефан Ристовски се на добар пат и следната сезона да играат во Лигата на шампионите откако го искористија подарокот на локалниот ривал од Лисабон, Бенфика. Популарните „Орли“ до пред еден месец беа прв кандидат за насловот шампион на Португалија, но не само што останаа без титулата, големи се шансите да останат и без настап во најелитното европско натпреварување. Во пресрет на последното коло, Спортинг и Бенфика имаат по 78 бода, но „Лавовите“ го окупираат второто место на табелата и покрај тоа што има далеку полоша гол разлика. Во Португалија одлучува меѓусебниот дуел, а Спортинг е во подобра позиција благодарејќи на голот кој го постигнаа на „Стадионот на светлината“. Двете пресметки помеѓу Спортинг и Бенфика оваа сезона завршија без победник, но кога беше гостин Спортинг се избори за 1-1, а пред своите фанови минатата недела одигра 0-0. Па доколку избраниците на Жесус победат вечерва, Спортинг ќе биде вицешампион и ќе игра во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите а Бенфика ќе биде дел од Лига Европа. Маритимо пак нема за што да игра, па домаќините ослободени од притисок ќе се обидат да му ги поматат сметките на фаворитот и со добар резултат пред своите фанови да ја затворат сезоната. Но за да се случи ова ќе треба драстично да ја подигнат формата бидејќи имаат три порази во низа. Исто така Спортинг доби четири од последните пет пресметки со Маритимо, првиот натпревар од оваа сезона „Лавовите„ го добија со убедливи 5-0. Влогот е голем за гостите, тоа сигурно ќе влијае психолошки врз играчите на Спортинг, но за очекување е тие да го решат и овој натпревар во своја корист.

За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.

Сампдорија – Наполи: Двата тима даваат гол

Во дуел на два клуба кои имаат речиси идентична ситуација, Сампдорија го пречекува Наполи. Само чудо може да им го донесе Скудетото на гостите, кои треба да победат на двата свои натпревари и да чекаат Јувентус да загуби во дуелите со Рома и Верона. Но ниту тоа нема да им гарантира ништо бидејќи ќе одлучува гол разликата, а „Старата Дама“ во моментов е далеку посупериорна во оваа категорија. Сампдорија пак практично ги загуби шансите за излез во Европа откако доживеа пораз од Сасуоло во минатото коло. Домаќините имаат шест бода помалку од Милан и потребно им е „Росонерите“ два пати да загубат а тие да забележат две победи за да имаат било какви шанси, но и да се случи едно вакво незамисливо сценарио Фиорентина и Аталанта се тука да им се испречат на патот. Наполи на располагање го има целиот состав за овој натпревар, додека пак Сампдорија има неколку прашалници, пред се во нападот каде Запата и Кваљареала се неизвесни поради ситни повреди и за нивната инволвираност ќе биде одлучено непосредно пред почетокот на мечот. Натпреварот веројатно ќе биде од посебно значење за тренерот на домаќините, Марко Џампаоло кој го наследи Маурицио Сари на клупата на Емполи, а сега се споменува и како негов можен наследник на кормилото на Сан Паоло. Традицијата е на страната на „Наполитанците“ кои за последен пат загубија од Сампдорија во 2010. Од тогаш па наваму имаат десет победи и три нерешени исходи. Дуелите на овие два тима обично носат голема возбуда и доста погодоци. На пет од последните шест пресметки има најмалку четири погодока, а дури три завршија со победа на Наполи од 4-2. Исто така на последните осум меча се треселе двете мрежи. Гостите се голем фаворит за трите бода, и за очекување е да слават во интересен натпревар со погодоци на двете страни.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×