Бизарно: Ендрик поради верски причини го одбил Милан?

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик, наводно ја одбил можноста да се пресели на позајмица во Милан поради маскотата на клубот која симболизира ѓавол.

Италијанскиот спортски весник ја објави оваа информација во средата, а приказната се најде и на насловната страница на изданието. Според пишувањата, 20-годишниот Бразилец, кој е евангелистички христијанин и се нарекува себеси „спортист на Христос“, не сака да настапува за клуб чиј прекар и симболика се поврзуваат со ѓаволот.

Милан покажал интерес за ангажман на Ендрик на позајмица, но, како што тврди италијанскиот весник, верските убедувања имале пресудна улога во неговата одлука.

„Кориере дело спорт“ потсетува дека во Милан со години настапуваше и Кака, кој исто така беше познат по својата силна религиозност, но додава дека Ендрик не сака да прави компромиси кога станува збор за неговите верувања.

Според истиот извор, Рома е најпосакуваната опција за младиот напаѓач. Римскиот клуб се обидува да го убеди преку бразилскиот дефанзивец Весли, кој би требало да помогне во преговорите со својот сонародник. Како дополнителна предност на Рим се посочуваат и евангелистичките заедници во градот. Интерес за услугите на Ендрик покажува и португалскиот Спортинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×