45
Само прашање на време е кога Маурисио Покетино ќе биде назначен за нов тренер на Манчестер Јунајтед.
Последните информации велат дека Јунајтед и Покетино си подале рака, постигнале вербален договор.
За зделката да се заклучи, останува уште успешно да завршат преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Фудбалската федерација на САД.
Разговорите се во тек, Покетино во договорот со САД има откупна клаузула од 10 милиони долари. Јунајтед ќе се обиде да ја намали оваа цена, но ако Американците се тврди, тогаш англискиот тим е подготвен да го плати и тој износ.