Оваа недела весниците блиски до Реал Мадрид, АС и Марка секојдневно пишуваат за трансфер на Нејмар во главниот град на Шпанија. Експертот на Скај Спортс, Гиљем Балаге сега даде свое видување за целата ситуација.
Тој вели дека „Кралевите“ стојат зад овие шпекулации и намерно ги шират гласините за да се создаде впечаток дека Нејмар е на продажба. Гиљем Балаге исто така вели дека таткото на Нејмар ги повторува финтите кои и ги правеше на Барса.
„Има две верзии за тоа што се случува со Нејмар. Првата е дека Реал Мадрид прави се што може за да го убеди ПСЖ на продажба. Но „Светците“ не сакаат да го продадат и немаат ставено цена. Сумата од 260 милиони евра која се појави всушност ја „пушти“ Реал Мадрид. Со сите овие стории се обидуваат да создадат впечаток дека Нејмар е на продажба но реалноста е многу поразлична…“ – вели Балаге.
„Во медиумите од Франција има многу стории за тоа како таткото на Нејмар кова стратегии за заминување од ПСЖ. Интересно е тоа што ПСЖ нема слушнато ништо од Нејмар сениор ниту пак од Реал Мадрид. Луѓе блиску до Нејмар сениор инсистираат дека тој не се обидува да му најде нов клуб на својот син, и нема планови за заминување на Нејмар“.
„Исто така луѓе блиски до случувањата велат дека таткото на Нејмар ги повторува финтите кои и ги правеше на Барселона. Од една страна на клубот му вели дека ништо не се случува, но од друга е сосема среќен со шпекулациите кои се појавуваат и кои велат дека неговиот син сака да замине“.
„Реал Мадрид силно се обидува да го реализира овој трансфер, но ќе биде многу, многу тешко да се случи тоа“.