BET-IBC совети за обложување: Марсеј во голема дилема пред гостувањето кај Генгам

by
5 минути читање

Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.

Генгам – Марсеј:
Повеќе од 2,5 погодока

Марсеј и тренерот
Руди Гарсија се соочуваат со голема дилема во пресрет на гостувањето на Стад де
Рудуру. Марсеј се бори со Лион и Монако за топ 3 пласман на табелата кој води во Лигата на шампионите и во моментов е на четвртата позиција со два бода
помалку во однос на Лион и еден во однос на Монако. Но во исто време, Марсеј се
наоѓа пред најголемиот натпревар оваа сезона и финалето во Лига Европа против
Атлетико кое се игра во среда следната недела. Па Марсеј сега треба да одлучи
дали да истрча со најдобар тим и да го даде максимумот против Гингам за да
стигне до победа и да чека кикс на ривалите, или пак да штеди сили и да
ризикува неповелн резултат, но да биде максимално подготвен за пресметката со
„Колчонероси“ бидејќи триумф во Лига Европа ќе им донесе настап во Лигата на
шампионите. Што се однесува до Гингам, домаќините нема за што да играат,
сигурни се на средината од табелата без никакви шанси за излез во Европа.
Ваквата ситуација им овозможува без притисок да им пристапат на натпреварите, да
одиграат офанзивно па затоа има погодоци на нивните мечеви. На секој од последните пет
натпревари на Генгам паднаа барам четири гола. Генгам во оваа серија може да се
пофали и со реми од 2-2 на гостувањето кај ПСЖ како и победа од 3-1 пред своите
фанови против Монако, па на Марсеј сигурно нема да му биде лесно особено што
гостите имаат проблеми во одбраната и нема да можат да сметаат на
суспендираните Рами и Густаво а под знак прашалник се и повредените Роландо и
Сакаи. Па сето ова навестува дека ќе има голови на натпреварот.

Ле Авр – Тур:
Победа на домаќинот

Во втората лига
на Франција на програмата е последното коло а еден од натпреварите од голема
важност е пресметката помеѓу Ле Авр и Тур. Домаќините се на петто место,
последната позиција која носи плеј-оф за пласман во Лиг 1, Ле Авр има два бода
повеќе во однос на Лориен и Клермон. Па со победа против Тур, ќе има шанса преку бараж да се бори за
промоција во најсилното првенество на Франција. Гостите пак се заковани на
дното на табелата и од поодамна не играат за ништо освен за својата чест. По
шест меча без победа, Тур минатото коло се радуваше на три бода против Ленс, па
охрабрени од овој резултат избраниците на Коста ќе се обидат да му ги поматат
сметките на фаворитот. Но и фудбалерите на Ле Авр се полни со самодоверба со
оглед на тоа дека имаат четири победи во низа, односно пет победи и едно реми
на последните шест меча. Првата меѓусенба пресметка оваа сезона Ле Авр ја реши
во своја корист со 0-3, а домаќините можат да се пофалат и со четири победи од
последните пет меѓусебни меча со Тур во првенството. Па со оглед на тоа дека
сите бројки се во корист на домаќините за очекување е Ле Авр вечерва лесно да
се справи со противникот и да стигне до триумф.

Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Дерби – Фулам:
Победа или реми за гостите

Дерби го пречеува
Фулам на Прајд Парк во првиот натпревар од плеј-офот во Чемпионшип. Гостите за
малку не успеаја директно да се пласираат во Премиерлигата, па својот билет
сега ќе го бараат преку разигрувањето. Фулам победи на 25 од 46 меча во
регуларниот дел од сезоната (трет најдобар успех), забележаа 12 победи на гости
(втор најдобар успех), па влегува како благ фаворит во вечерашната пресметка.
Но за да се прикажат во добро светло, избраниците на Јокановиќ ќе треба да го
заборават разочарувањето од последното коло. 20то пласираниот Бирмингем славеше
со 3-1, ја прекина серијата на Фулам од 23 средби без пораз и го урна сонот за
промоција. Статистички тимот кој завршил на третата позиција има најголеми
шанси за пласман во Премиерлигата, но ова се случило само еднаш во
последните пет години. Дерби во своите редови го има најдобриот стрелец во
Чемпионшип, па домаќините ќе се надеваат дека Видра ќе може да ги предводи до
изненадување, но и гостите имаат свои адути во имињата на Александар Митровиќ
кој откако пристигна во јануари има постигнато повеќе погодоци од било кој друг
во Чемпионшип (12), како и вундеркидот Рајан Сесењон кој е желба на најголемите
клубови од Англија. Првата пресметка од оваа сезона му припадна на Фулам, кој
славеше со 1-2 на гостувањето кај Дерби и тоа токму со погодоците на Митровиќ и
Сесењон. Домакините сепак можат да се пофалат со добра традиција во дуелите со
Фулам пред своите фанови, со седум победи, три нерешени исходи и два порази на
последните 12 пресметки. Со оглед на тоа дека влогот е голем, за очекување е
тврд и неизвесен натпревар во кој гостите би требало да стигнат до позитивен
исход.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со
BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани