Барселона нема да може да смета на услугите на својот играч од средниот ред Родри за неделниот натпревар од Ла Лига против Атлетико Мадрид, откако медицинските прегледи потврдија полесна повреда на задната ложа на десната нога.
Родри ги почувствува проблеми за време на дуелот од Лигата на шампионите против Астон Вила, поради што мораше да го напушти теренот на полувремето.
Денешните дополнителни прегледи покажале полесна повреда на бицепс феморисот, мускул кој е дел од задната ложа на десната нога, потврдија од каталонскиот клуб.
Поради оваа повреда, Родри сигурно ќе го пропушти неделното дерби против Атлетико Мадрид, а засега нема информации кога би можел повторно да се врати на терените.
Од Барселона соопштија дека времетраењето на неговото отсуство ќе зависи од текот на закрепнувањето и напредокот во рехабилитацијата.