За смртта на напаѓачот Де Мигел не е под истрага само голманот: Се истражува зошто амбулантното возило не влегло на теренот

by Стефан
1 минути читање

Шпанската полиција и правосудните органи отворија истрага за начинот на кој му била укажана медицинска помош на Хесус де Мигел, напаѓачот на Тенерифе, кој почина по судир со голманот на Андора. Предмет на проверка се постапките на клупската медицинска служба, екипата на Црвениот крст и транспортот на фудбалерот до болницата.

Како што пренесува „Атлантико Хој“, повикувајќи се на весникот „Ел Дија“, истрагата ги опфаќа лекарите на Тенерифе и дежурниот медицински тим на кој бил присутен на стадионот „Хелиодоро Родригез Лопез“. Се проверува и начинот на кој била организирана помошта за време на транспортот до болницата „Нуестра Сењора де Канделарија“.

Засега не се објавени имињата на медицинските лица кои биле вклучени во интервенцијата. Шпанските медиуми нагласуваат дека истрагата е во почетна фаза и дека сè уште нема заклучоци за евентуални пропусти во укажувањето на медицинската помош.

Случајот го разгледува Одделот за убиства при Националната полиција, додека надлежниот суд веќе отворил постапка. И обвинителството започнало прелиминарна истрага за да утврди дали постојат елементи за кривична одговорност, надвор од рамките на спортската дисциплинска постапка. Во овој момент никој не е обвинет.

Едно од клучните прашања е зошто амбулантното возило не влегло на теренот. Де Мигел бил изнесен на носилки до амбулантата, која била паркирана пред стадионот, во близина на соблекувалните.

Од Ла Лига за шпанското радио РНЕ објасниле дека одлуката за влез на амбулантното возило на теренот ја носи медицинската служба на клубот. Според протоколот на Тенерифе, возилото влегува на терен само доколку лекарите проценат дека е потребна целосна имобилизација на повредениот фудбалер. Во конкретниот случај, медицинскиот тим проценил дека таква интервенција не е неопходна, пишува „Окдијарио“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×