Реал Мадрид наскоро може да добие нов директор и тоа – Рафаел Надал!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал е пред нова важна улога во својата спортска кариера, овојпат надвор од тениските терени. Еден од најголемите навивачи на Реал Мадрид во следниот период би можел да стане дел од Управниот одбор на кралскиот клуб, откако иницијативата за негово назначување доби поддршка од раководството.

Предлогот бил разгледан на последната седница на управата, а конечната одлука треба да биде донесена на гласањето закажано за 21 ноември. Доколку биде потврден, Надал ќе добие значајна позиција во клупските структури и ќе има можност да учествува во процесите поврзани со идниот развој на Реал Мадрид, во соработка со претседателот Флорентино Перез.

Врската меѓу Надал и мадридскиот гигант е добро позната во јавноста. Шпанецот никогаш не ја криел својата приврзаност кон клубот, во кој веќе ја има титулата почесен член. Во неколку наврати беше и специјален гостин на „Сантијаго Бернабеу“, каде што имаше чест да го изведе почетниот удар по големите успеси во тениската кариера.

Неговото име и претходно се поврзуваше со иднината на Реал Мадрид, особено минатото лето, кога се појавија шпекулации дека би можел да се кандидира за претседател на клубот. Надал тогаш јавно ги демантираше таквите информации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×