85
До пред неколку дена Пандев беше единствениот фудбалер во Италија кој четири пати по ред го освојуваше Купот на оваа земја.
Почна со Лацио, па две години по ред триумфираше со Интер, па го освои Купот и со Наполи. Пандев има пет трофеи од Купот на Италија од кои четири по ред.
Со триумфот во финалето над Милан, Буфон се изедначи со Пандев, и тој има пет трофеи во Купот на Италија од кои четири во низа.
Покрај четирите со Јувентус, купот го има освоено и со Парма во сезоната 1998/99.