Башакшехир оваа
сезона храбро со бореше со гигантите Галатасарај, Фенербахче и Бешикаш за
титулата во Турција, но минатата недела на драматичен начин го загуби чекорот
со лидерот на табелата.
Пред своите
фанови, со играч помалку секунди ги делеја од победа во дуелот со Сиваспор но
примија гол во 92. минута од мечот. Арда Туран беше бесен на судиите, особено
на помошникот па му се дереше во лице и го турна.
За овој испад, фудбалерот сега ја доби една од најголемите казни во турскиот фудбал.
Арда Туран доби 10 меча суспензија за тоа што го турнал судијата, уште три
додатни за тоа што го навредувал и уште три додатни за тоа што се заканувал. Ќе
треба да плати и парична глоба од 39.000 турски лири или околу 7.727 евра.
Се говори дека
Арда Туран го нарекол судијата „ку*вин син“ а помеѓу другото и му порачал: „Немаш
срам! Сите вие треба да бидете убиени!“