Рамос сакаше да „удри“ по својата Севиља на крај се избрука со промашен пенал и автогол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ во мислите
имаат само една работа, финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул па
Севиља го искористи тоа и забележа победа од 3-2 со која си ги зголеми шансите
за место во Европа.

Резултатот го
отвори Бен Једер во 26. минута, а пред финишот на првиот дел Лајун зголеми на
2-0.

На почетокот од
второто полувреме Рамос имаше шанса да го врати Реал во игра, но капитенот
промаши пенал, поточно ја затресе пречката. Дефанзивецот погоди во 84. минута, но на погрешната страна и топката ја смести во сопствената мрежа за 3-0.

„Кралевите“ во
финишот сепак постигнаа два гола со кои го ублажија поразот. Најпрво Мајорал
реализираше во 87. минута за 3-1, а длабоко во судиското надополнување Рамос
доби шанса одново да бие од белата точка и овој пат успеа да го матира голманот
на домаќините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани