„Старата Дама“ е
на чекор до историја, избраниците на Алегри го освоија трофејот од Купот на
Италија и имаат прилика четврта година по ред да се радуваат на двојна титула, успех
кој го нема постигнато никој друг во Калчото.
По изедначено
прво полувреме без 100% шанси на двете страни, се беше решено во период од осум
минути во вториот дел. Резултатот беше отворен во 56. минута, Пјаниќ нафрли од
Корнер а Бенатија одлично се снајде за 1-0.
Пет минути
подоцна Коста биеше од врвот на шеснаесетникот, тоа требаше да биде лесна
интервенција за Донарума но голманот на Милан некако дозволи топката да заврши
зад неговиот грб.
Во 64. минута следуваше нов кикс на Џиџо, младиот чувар на мрежата испушти една
топка од раце а Бенатија казни и зголеми на 3-0.
Како киксовите да
Донарума да не беа доволни, па Калиниќ во 76. минута ја затресе сопствената
мрежа.