Голот на
Гагиадини синоќа во победата на Саутемптон кај Свонси со 0-1 значеше
дефинитивен опстанок за победничкиот табор во елитното друштво на англиската
Премиерлига, но за ВБА значеше испаѓање во понизок ранг, поточно, во
Чемпионшиплигата.
Дарен Мур,
стратегот од клупата на ВБА вчера ја прими наградата за најдобар тренер во
Премиерлигата за месец април, но, истиот ден мораше да се помири со веста дека
големиот труд во победите против Манчестер јунајтед и Тотенхем беа на крајот
залудни, па истиот ден неговиот тим и официјално отиде во понизок ранг.
Мур освои осум
бода предводејќи го ВБА во минатиот месец, па многумина го посочија како
спасител на екипата која генерално освои исто толку бода во претходните 18
натпревари во Премиерлигата, но ништо од сето тоа.