159
Минатата година телото на УЕФА задолжено за финснискиот фер плеј го одби планот на Милан за подмирување на долговите, па беше нејасно дали клубот ќе биде казнет и со забрана за настап во европските натпреварувања.
Милан не доби таква казна, ќе може да настапува во Лига Европа доколку ја зачува позицијата на која се наоѓа.
УЕФА денеска објави кои италијански екипи од Серија А добиваат лиценца, на листата нема само шест, а Милан не е еден од нив.
Каљари, Киево, Кротоне, Беневенто, Спал и Верона немаат лиценца за настап во Европа, ама не им ни треба.