136
Андрес Иниеста
нема да се пресели во Кина, онака како што се најави претходно, а причина за
сево ова е поради тоа што тамошниот клуб не е во можност да ги исполни
финансиските барања на Шпанецот.
Чонгкинг се
споменуваше како негова следна дестинација, а според најновите информации, сега
се споменува Висел Кобе, јапонскиот клуб чиј сопственик е Хироши Митикани,
инаку газда на компанијата „Ракутан“, бренд кој е спонзор на Барселона.
Иниеста би
требало да потпише тригодишен договор со Висел Кобе, кој ќе го плаќа Шпанецот
цели 25 милиони евра по сезона.