Братот на Погба ќе изедеше ќотек од своите соиграчи! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во текот на второто полувреме кога Генчербирлиги веќе ги имаше направено трите измени, Погба се повреди по што се упати надвор од теренот без да го праша тренерот или за тоа да одлучат докторите.

Самоволното излегување на Погба кога на тимот му гори под нозе, ги налути неговите соиграчи кои се стрчаа да го тепаат. Се создаде мешаница, но постариот брат на Пол успеа да остане неудрен.

Генчербирлиги кој води грчевита битка за опстанок го загуби натпреварот со Анталијаспор со 1-0. Се наоѓа на претпоследната позиција на две кола до крајот и има само теоретски шанси за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани