Овосезонскиот
финалист во Лига Европа, Олимпик Марсеј со пресврт дојде до победа од 2-1 над
Ница во последниот меч синоќа во редовното 36 коло во француската Лига 1.
Балотели на мечот
кој се одигра на Велодром го постигна 16 гол сезонава во Лига 1, а истиот дојде
по една индивидуална акција на италијанскиот напаѓач кој беше решителен да
погоди во мрежата од голот на домаќинот.
data-lang="en">
Инаку, со
синоќешниот исход Ница го отежна патот за излез во Европа следната сезона
откако Рен, кој е на петтото место на табелата, место кое води до Лига Европа,
има три бода предност на две кола до крајот.
Што се однесува
до Олимпик Марсеј, доколку триумфира против Атлетико Мадрид во финалето од Лига
Европа, ќе обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона, доколку
не успее во тоа, има бод, односно два бода негатива во однос на третиот Монако,
односно второпласираниот засега Лион на табелата.