Барселона и Реал Мадрид синоќа ремизираа со резултат 2-2
во мега популарното Ел Класико, меч кој немаше никакво резултатско значење ниту
за едната, ниту за другата екипа.
Капитенот на Реал
Мадрид, Серхио Рамос, смета дека првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси го
искористил својот статус за да влијае на главниот арбитар од средбата на Камп
Ноу, Ернандез, за да направи притисок врз него, тоа го сторил на паузата од
полувремето, откако Роберто во самиот финиш од првиот дел заработи директен
црвен картон при резултат 1-1.
„Меси му правеше
притисок на судијата во тунелот по првото полувреме. Не знам дали таму имаше
камери, не знам дали би донел некои други одлуки во второто полувреме, како и
да е, важно е да се остават тие работи на теренот, морате да покажете респект“
рече Рамос.