Ван Анхолт го „испрати“ Стоук во Чемпионшиплигата, а потоа му се извини: Ќе се вратите брзо, вие сте одличен клуб, со одлични навивачи! (ФОТО+ВИДЕО)

by
1 минути читање

Стоук одигра реми
без голови на гостувањето кај Ливерпул во претходното коло и најави дека докрај
ќе се бори за опстанок во елитното друштво на англиската Премиерлига, но таа
надеж денеска пропадна по поразот од Кристал Палас на домашен терен со 1-2.

Стрелец на голот
за победа во финишот од средбата беше Ван Анхолт,а тој по мечот упати
извинување до Стоук и неговите фанови.

„Нормално, јас
сакам да прославам кога ќе постигнам гол, но, би сакал да се извинам до Стоук и
нивните фанови, би сакал мојот гол да не значеше испаѓање од лигата за вас, но
вие ќе се вратите брзо! Одличен клуб со одлични фанови!“ порача Ван Анхолт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани