103
Денес на
програмата беа сите натпревари од редовното 33 коло во Бундеслигата, а од нив
го издвојуваме мечот помеѓу Борусија Дортмунд и Мајнц, каде гостите приредија
изненадување, со триумфот од 1-2.
Мајнц со
погодоците на Баку и Муто, во 4. односно 13. минута најави шок за домаќините
кои преку Филип во 16. минута само го ублажија поразот.
Со оваа победа
Мајнц стигна до 36 бода сезонава, а воедно и осигура опстанок во елитното
друштво на Германија, а Борусија Дортмунд го избра потешкиот пат за место во
Лигата на шампионите следната сезона, од причина што сега последното коло ќе
решава за третото и четвртото место на табелата, а на Милионерите им беше
потребен барем бод од денешната средба.