93
На „Галебите“ им
требаше само бод од последните три натпревари за и следната сезона да играат во
елитата но избраниците на Хатон освоија три и тоа против големиот фаворит
Манчестер јунајтед.
Брајтон вечерва
на отварањето на 37. коло во Премиерлигата пред своите фанови ги фрли
„Ѓаволите“ на колена со триумф од 1-0.
Стрелец на голот
вреден три бода беше Паскал Грос во 57. минута од средбата. Германецот
искористи една неспретна реакција на Де Хеа и со глава биеше од пет метри. Рохо
магично расчисти, но судијата се консултираше со технологијата на гол
линијата и покажа кон центарот.