Марсеј со гол од непостоечки корнер обезбеди финале во Лига Европа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Марсеј ќе му се
спротивстави на Атлетико Мадрид во финалето од Лига Европа. Клубот од Франција
вечерва го преживеа гостувањето во Австрија благодарејќи на голот на
дефанзивецот Роналдо.

Иако не им се
даваа големи шанси, домаќините успеаја да ја анулираат предноста на противникот
од првиот натпревар. Хаидара во 53. минута имаше одличен соло пробив и го
донесе Салцбург во водство, а во 65. минута Сар ја затресе сопствената мрежа за
2-0.

Натпреварот отиде
во продолженија, а таму Роландо погоди по еден корнер од десната страна кој не
требаше да биде досуден, и го урна сонот на домаќините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани