Ривалите на Манчестер Сити се загрижени од едно необично сценарио, „граѓаните“ да бидат исфрлени од Премиерлигата, а да играат во Лигата на шампиони.
Манчестер Сити оваа недела беше прогласен за виновен по обвинувањата за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, независна комисија утврди дека „граѓаните“ ги „надувале“ спонзорските договори за дури 830 милиони фунти во периодот од 2009 до 2018.
Со оглед на тоа дека ова е сериозно прекршување на правилата, исфрлање од Премиерлигата е една од можните казни.
Медиумите од „островото“ сега пишуваат за едно необично сценарио кое ги загрижува ривалите, односно Манчестер Сити да биде исфрлен од Премиерлигата, а да игра во Лигата на шампиони.
Доколку момците на Енцо Мареска оваа сезона го освојат најелитното европско натпреварување, тоа им носи автоматски пласман во Лигата на шампиони и во моментов нема механизми со кој „граѓаните“ би биле исфрлени од ЛШ доколку обезбедат пласман врз основа на спортските резултати.
Дури и да не биде исфрлен од Премиерлигата, ривалите сметаат дека е неприфатливо на Манчестер Сити да му се дозволи да игра во Лигата на шампиони и да ги добие финансиските придобивки што следуваат со тоа.