148
Ливерпул против
Реал Мадрид ќе се бори за овосезонската титула во Лигата на шампионите, а од
таборот на англискиот тим веруваат дека можат да дојдат до триумф.
Садио Мане вели
дека неговата екипа може да победи било кого, додаде дека Реал Мадрид има силен
состав, но и тимот на Ливерпул не е за потценување.
„Доколку сакате
да ги одмерите силите со Реал, тогаш морате да размислувате за нивните
фудбалери кои ги имаат во својот состав. Нивната екипа е една од најдобрите на
светот, но ние сме Ливерпул, исто со силен состав, можеме да победиме било
кого, ќе дадеме максимум од себе за да дојдеме до толку посакуваната победа во
финалето“ истакна офанзивецот.