Милнер се пошегува на своја сметка по автоголот: Знае некој како се вади логото од ЛШ од лицето? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул е
втората екипа по Реал Мадрид која влезе во финалната битка за освојување на
европскиот трофеј сезонава, а синоќа малку недостасуваше Рома да направи уште
еден чудесен кам-бек по оној против Барселона.

Добро почнаа
избраниците на Јирген Клоп откако поведоа со голот на Мане и шансите за
Италијанците ги сведоа речиси на невозможни, но, интересен автогол си постигна
Милнер во чие лице се одби топката која потоа заврши во мрежата од голот на
гостинскиот табор.

По мечот,
искусниот фудбалер се пошегува на своја сметка и запраша
: „Дали некој знае како може да се извади логото од
Лигата на шампионите од лицето?“ алудирајќи на тоа што ударот од топката му оставил
белег на своето лице.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×