Ливерпул
прогресираше во големото финале од Лигата на шампионите, иако загуби со 4-2 во
реванш пресметката против Рома, влезе во финалната битка за европскиот трофеј
против бранителот Реал Мадрид по домашниот триумф претходно од 5-2.
Јирген Клоп истакна
дека натпреварот во Рим бил луд, а додаде дека неговата екипа во целост
заслужила финале, од толку што бил добар мечот дури и резултатот го заборавил од двата меча вкупно.
„Ова беше луд
меч, тие влегоа во ризик а ние ги казнивме преку контра напади, постигнавме гол
на гости што ни значеше многу. Го заслуживме пласманот во финалето 100%,
момците го заслужија ова, со карактерот кој го покажаа, фудбалот кој го играат –
тоа беше лудо. Го заборавив резултатот! Заврши 7-6, така?“ праша Клоп, а генерално, Ливерпул токму со резултатот 7-6 од двата меча ја елиминираше Рома.