64
Големо е
разочарувањето во редовите на германскиот првак Баерн Минхен по елиминацијата
во полуфиналето од Лигата на шампионите од Реал Мадрид.
Имаат Германците
за што да жалат, но и за што да приговорат од реванш пресметката на Сантијаго
Бернабеу во Мадрид, посебно за ситуацијата кога Марсело играше со рака во
својот казнен простор, а турскиот арбитар Чакир не досуди најстрога казна за
гостите.
Сепак, „подарокот“
од гол од страна на Толисо и Улрајх дополнително ги оддалечи Баварците од
големото финале, а какво беше расположението на Јуп Хајнкес, тренерот на тимот
од Минхен по мечот, доволно говори следната снимка…