Рамос: Луѓето постојано зборуваат, ние преферираме да зборуваме на теренот

by
1 минути читање

Реал Мадрид добро
се помачи за да го елиминира Баерн Минхен во полуфиналето, а синоќешниот меч на
Сантијаго Бернабеу мина и со една контроверзна одлука на турскиот арбитар
Чунејт Чакир, кој не досуди најстрога казна за гостите при резултат 1-1, дека
беше пенал просведочи и самиот Марсело кој играше со рака.

Серхио Рамос
смета дека неговата екипа сосема заслужено се најде во големото финале, а за
оние кои зборуваат и го оспоруваат успехот, вели дека тие постојано зборуваат и
тоа ќе го прават и во иднина, Реал Мадрид „зборува“ на теренот.

Реал Мадрид
заслужи да се најде во финалето во Киев. Ние се боревме до крајот, сега треба
да уживаме во ова и да се обидеме да победиме во финалето. Луѓето зборуваат, и
ќе зборуваат, ние преферираме да зборуваме на теренот. Се гордеам со оваа
екипа, ова беше награда поради тоа што многу се жртвувавме
“ рече Рамос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани