Германците се
незгодни, тоа го знае Реал Мадрид кој по првиот меч во Минхен против Баерн
славеше со 1-2, па вечерва на европскиот првак му преостанува да одигра доста
внимателно доколку сака да се пласира во големото финале, желба која сигурно
истовремено ја има и во таборот на германскиот првак.
За тренерот на
гостите, Јуп Хајнкес ова е меч на годината, од друга страна пак, Зидан смета
дека неговите избраници мораат да постигнат брз гол.
Веќе се познати и
почетните состави за вечерашната реванш пресметка помеѓу двете екипи, па од тоа
што го гледаме, во таборот на домашниот состав, и покрај тоа што тренираше со
екипата, сепак, Иско нема да биде во комбинација за настап вечерва. Изненадување е тоа што Зидан почнува со Ковачиќ, а Хрватот доби предност во однос на Касемиро.
Во спротивниот табор, Баерн Минхен е ослабен за повредениот Мартинез, неговото место го зазеде Толисо.
Реал Мадрид:
Навас, Рамос, Варан, Роналдо, Крос,
Бензема, Модриќ, Марсело, Васкез, Асенсио и Ковачиќ.
Баерн Минхен: Улрих, Суле, Хумелс, Алкантара, Рибери, Левандовски, Родригез, Толисо,
Милер, Алаба, Кимих.
Мечот
на Сантијаго Бернабеу во Мадрид ќе го суди турскиот арбитар Чунејт Чакир.