Мурињо открива кои правила обожава да ги прекршуваат неговите играчи!

by bojan
2 минути читање

Жозе Мурињо откри интересен принцип според кој функционира како тренер, постојат правила кои се апсолутни и мора да се почитуваат, но има и такви кои сака играчите да ги прекршат.

„Специјалниот“ ова лето се врати во Реал Мадрид со главна задача да го врати редот во соблекувалната на „Бернабеу“.

Тој сега говореше за дел од неговите методи, истакнувајќи дека довербата помеѓу тренерот и играчите е клучна.

Португалскиот стратег сега откри дека има „правила за кои нема преговори“, но и дека има правила кои обожава да бидат прекршувани од неговите играчи.

„Постојат правила и постојат правила. Има правила за кои нема преговори. А има и други кои сакам да ги гледам како играчите ги прекршуваат“ – објаснува Жозе Мурињо.

„Ако треба да бидеш во девет часот, тогаш мора да бидеш таму во девет. Без разлика дали си суперѕвезда или не. Ако дојдеш во 9:15, тоа не го прифаќам и не го толерирам“.

Но, според него, сосема друга приказна е она што се случува за време на натпревар.

„Ако играчот поради талентот, креативноста или интуицијата реши да го прекрши она што сме го договориле и да проба нешто поинакво, тогаш тоа го сакам. Пред натпреварот со асистентите и аналитичарите се обидуваме да испланираме сè и да ја намалиме непредвидливоста. Имаме план што ќе направиме ако водиме, што ако губиме…“

Сепак, кога ќе започне натпреварот, Мурињо вели дека планот не смее да биде „оков“.

„Кога ќе почне натпреварот, не размислувам за аналитичарите или асистентите. Едноставно чувствувам нешто и постапувам според тоа чувство. Ако на крајот резултатот не е онаков каков што очекував, не ги обвинувам. Јас го направив тоа за тимот, бидејќи во тој момент верував дека е најдоброто решение.“

Португалецот вели дека токму ваквите ризици понекогаш носат и најголеми резултати.

„Кога ќе отстапиш од структурата или од првичната идеја и ќе се водиш од интуицијата, понекогаш дури имаш чувство дека си добил божествена инспирација. И мене ми се случило. По натпреварот размислувам за тоа што сум направил и ако резултатот е извонреден, си велам, „Леле, оној горе ме натера да го направам тоа.““

Токму затоа Мурињо смета дека тренерот мора да им даде слобода на своите играчи.

„Затоа уште повеќе му верувам на играчот на теренот. За мене, правилата за кои нема преговори важат надвор од теренот. На теренот, мора да ги прекршувате правилата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×