Големо
изненадување во Англија, откако дел од тамошните медиуми објавија дека Руи
Фариа, долгогодишниот соработник и асистент на Жозе Мурињо од клупата на
Манчестер јунајтед е една од многуте опции за наследник на Арсен Венгер на
клупата на Арсенал.
Се шпекулира дека
тимот од Лондон има листа составена од 14 тренери кои се потенцијални опции за
нов шеф на стручниот штаб на Арсенал, а веќе од поодамна е познато дека
Масимилијано Алегри, Луис Енрике, Карло Анчелоти и Брендан Роџерс се само дел
од имињата.
Фариа работи со
Мурињо од 2001. година па наваму, соработуваа заедно во Реал Мадрид, Челси и во
моментов во Манчестер јунајтед.
Она што е исто
така интересно, а се шпекулира како опција, е Жељко Бувач, долгогодишниот
асистент на Јирген Клоп со кого соработуваат од 2001. година, наводно избил
судир помеѓу нив двајца, познато е дека обајцата се темпераментни, па токму тој
е наводно на листата на желби на Арсенал.