550
Според италијанските медиуми, Манчини ќе биде новиот селектор на Италија.
Тој во моментов е тренер на Зенит, и на таа позиција ќе биде до крајот на сезоната 13. мај. Италија си го постави 20. мај како краен рок за назначување на новиот селектор и тоа ќе се оствари.
Италија е во потрага по нов селектор откако му даде отказ на Џанпјеро Вентура кој не успеа да ја квалификува репрезентацијата на Светското првенство во Русија и донесе голем срам на нацијата.
Манчини синоќа имал состанок со претставниците на Италијанската фудбалска федерација на кој постигнале договор.
Покрај Манчини, како опции за нов италијански селектор се споменуваа Конте, Алегри, Анчелоти…