Аргентинецот уште
еднаш покажа колку лесно може да го промени натпреварот и сам да направи
разлика. Откако Депортиво се врати во игра по два гола негатива, Лео Меси два пати ја тресеше противничката мрежа за 180 секунди и ја запечати новата титула во Премиера, 25.
за Барселона и седма во последните 10 години.
Лео Меси исто
така испиша историја и стана првиот играч во Примера кој во седум различни сезони
има постигнато 30+ погодоци.
Веројатно ниту
еден играч не доминирал во првенство како што Меси доминира во Шпанија. Пред
тој да дебитира за Барселона, „Каталонците“ имаа 62 трофеи, а Реал Мадрид дури
десет повеќе, односно 72.
Но во ерата на
Лео Меси сега таа бројка е во корист на Барса. Клубот од Камп Ноу има 94
трофеи, а „Кралевите“ четири помалку односно 90 трофеи.