Тежок пораз за Арсенал, Брајтон го надигра шампионот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Брајтон го шокираше Арсенал, го победи со 3-0, прв пораз на топчиите оваа сезона во Премиер лигата и тоа каков.

Арсенал денеска изгледаше немоќно на гостувањето кај Брајтон, Раја прими три гола, а можеше и повеќе.

Резултатот го отвори Грос во 31. минута по асистенција на Костулас, грчкиот фудбалер пред крајот на првиот дел и самиот даде гол за 2-0. Тоа беше резултатот по првите 45 минути.

Арсенал не само што не се врати во второто полувреме, туку сликата беше иста, со таа разлика што Брајтон даде само еден гол. Андрес во 57. минута ги постави конечните 3-0.

Во овој термин Евертон со 1-0 го победи Ипсвич, а Њукасл со 2-1 славеше над Хал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×