Вест Хем се спаси од пораз во најжешкото дерби во Англија!

by riste
1 минути читање

Денеска се одигра долгоочекуваното дерби меѓу вечните лондонски ривали, Милвол и Вест Хем кое заврши без победник.

Ова е едно од најголемите дерби натпревари во светот кога се во прашање навивачките ривалства, но не се случува често бидејќи Милвол и Вест Хем вообичаено се во различен ранг на натпреварување.

Ова беше прв нивни дуел по 2009 година, долгото чекање се исплатеше, Милвол и Вест Хем одиграа содржаен дуел, по едно полувреме им припадна и на двата тима.

Милвол беше фантастичен во првиот дел, упати дури 16 шутеви кон голот на Вест Хем кој шутна само еднаш и тоа беше безопасно.

Резултатот го отвори Тејлор во 16. минута, а Негил во судиското продолжение од првото полувреме зголеми на 2-0. Со тој резултат се отиде на одморот.

Во вториот дел Вест Хем беше оној кој напаѓаше, а Милвол се бранеше и не се одбрани.

Во 74. минута Канте намали на 1-2, а само шест минути подоцна Мавропанос израмни на 2-2. Тоа беше конечниот резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×