Јован Трајков поднесе оставка од кормилото на Еуромилк

by riste
1 минути читање

Синоќа Јован Трајков поднесе оставка од функцијата тренер на Еуромилк Горно Лисиче, второлигашот ќе бара нов предводник на тимот.

По пет одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Горно Лисиче има четири порази и една победа, со три бода е на 12 позиција.

Јован Трајков преку социјалните мрежи соопшти дека заминува од функцијата.

„Почитувани,
По 7 месеци поминати во ФК ЕУРОМИЛК Скопје , донесов одлука да поднесам оставка од функцијата шеф на стручен штаб.
Одлуката не е донесена лесно посебно што е на ден пред одигрување на првенствен натпревар. Но сметам дека немаше друга опција и оваа одлука е најправилна.
Сакам да се заблагодарам на раководството,сите што ми помагаа во стручниот штаб а најмногу им благодарам на играчите што ме направиja горд .
На Еуромилк му посакувам многу успех, добри резултати и напредок во иднина.
Зад мене останува едно големо искуство и моменти кој вечно ќе ги памeтам“, напиша тренерот Јован Трајков.

Еуромилк Горно Лисиче денеска има меч на домашен терен против Беласица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×