Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.
Депортиво –
Барселона: Над 2,5 гола
На „Каталонците“
им е потребен само бод од гостувањето во Ла Коруња за шампионската титула да се
врати на Камп Ноу. Пехарот од Копа дел Реј е освоен и без настап во Лигата на
шампионите, Ернесто Валверде на теренот ќе излезе со најсилен состав. Покрај
можноста да се завери титулата на Риазор, Барса игра и за рекорд, односно да ја
заврши сезоната во Примера без пораз. Исто така Лео Меси се бори за „Пичичи“
трофејот за најдобар стрелец во Шпанија, но и уште поважно за „Златната
Копачка“ и приматот прв стрелец во Европа. Кларенс Сидорф откако го превзеде
кормилото на Депортиво некако успеа да ги склопи коцките, сврза две победи и на
последните шест меча има само еден пораз. Но сето ова е задоцнето, домаќините
имаат заостанување од 12 бода во однос на местата кои носат опстанок на четири
кола до крајот и практично и да немаат шанси за опстанок. Депортиво минатата
сезона ја совлада Барселона на Риазор, но ова е единствената победа која ја
имаат на последните 15 пресметки со „Каталонците“ во Примера (имаат 10 порази и
четири нерешени исходи). Депоритво исто така не го памети по добро мечот на
Риазор во 2016, кога Барселона славеше со 0-8 и домаќините го доживеаја
најтешкиот пораз во својата историја во Примера.
Манчестер
јунајтед – Арсенал: Победа на домаќинот
Арсен Венгер за
последен пат гостува на Олд Трафорд како менаџер на Арсенал, Французинот водел
големи битки на овој стадион изминативе две децении со неговиот долгогодишен
ривал Сер Алекс Фергусон за превласт во Англија. Денеска на спротивната страна
ќе го има стариот сопарник Жозе Мурињо, со кого исто така разви големо
ривалство. Битката на „Театарот на соништата“ можеби нема да биде за титула, но
има свој шмек. „Ѓаволите“ се обидуваат да завршат како втори, додека пак
гостите ќе играат за својата чест бидејќи целиот фокус им е насочек кон Лига
Европа и реваншот против Атлетико Мадрид. „Топчиите“ се обидуваат преку триумф
во најмасовното европско натпреварување да се изборат за настап во Лигата на
шампионите бидејќи одамна ги загубија шансите за топ четири пласман. Имајќи го
ова на ум, Арсен Венгер веројатно ќе направи големи измени во составот и ќе
одмори неколку ѕвезди. Па затоа „Црвените ѓаволи“ влегуваат како голем фаворит
во овој дуел. Дури и да го немаа реваншот со Атлетико во мислите, Арсенал тешко
може да се надева на позитивен резултат на Олд Трафорд доколку се земе формата.
„Топчиите“ се очајни на гости оваа сезона, имаат пет порази во низа во
Премиерлигата, за последен пат надвор од Емирати се радуваа во декември
минатата година, па се чини дека клубот од Северен Лондон нема што да бара
денеска на гостувањето на северот на Англија.
За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.
Фиорентина –
Наполи: Победа на гостите
По триумфот над
Јувентус со голот на Кулибали во 90. минута, градот под Везув одново сонува за
Скудетото. Наполи заостанува еден бод, па мора да победи на сите свои
натпревари до крајот на сезоната и да чека кикс на Јувентус. Задачата нема да
биде лесна и првиот предизвик е гостувањето на „Артемио Франки“. Фиорентина е
огромен ривал на Јувентус, па фановите бараат од своите миленици да им „пуштат“
на гостите да се радуваат на победа. Избраниците на Поли сигурно нема да го
сторат тоа бидејќи покрај што играат за својата чест, се уште се во битка за
место кое носи во Европа. И покрај тоа што бодовите се од огромна важност за
двата тима, се очекува отворен натпревар, возбудлив дуел и голови бидејќи двата
тима негуваат офанзивен фудбал. На домашните натпревари на „Виолетовите“ во
просек оваа сезона паѓаат 2,8 погодоци, па нема да биде изненадување доколку
двата тима постигнат и некој гол повеќе од овој просек. Наполи исто така ќе има
голема помош од трибините, се најавува дека преку 10.000 фанови ќе отпатуваат
за Фиренца и ќе се обидат да се најдат на трибините
Вердер Бремен –
Борусија Дортмунд: Над 2,5 гола
Благодарејќи на
изненадувањето кое Штутгарт го приреди на гостувањето кај Баер Леверкузен,
Борусија Дортмунд знае дека речиси сигурно ќе игра во Лигата на шампионите
следната сезона доколку денеска слави против Вердер Бремен. Со победа,
„Милионерите“ ќе имаат 57 поени, и за да ги решат сите дилеми ќе им треба уште
еден додатен бод во последните две кола, но и без тоа супериорната гол разлика
практично ќе им гарантира топ четири пласман. Сепак средбата на „Весерштадион“
нема да биде лесна. Вердер на домашен терен е сосема солиден, на последните пет
меча има четири победи и едно реми, последен пат пред своите фанови загуби во
октомври минатата година. Сепак се чини дека Дортмунд го има рецептот како да
триумфира во Бремен. „Милионерите“ со цел плен си заминаа од последните две гостувања,
а на последните шест пресметки во Бремен, Дортмунд забележал дури пет победи. Статистиката
исто така покажува дека пресметките помеѓу овие ривали секогаш носат голови. На
послендните осум натпревари имало најмалку три погодока, а исто така на овие
средби се треселе двете мрежи, па со оглед на тоа дека Вердер веќе обезбеди
опстанок и нема потреба да биде претпазлив, може да се очекува уште еден ваков
меч.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.