Фудбалскиот викенд во Англија носи едно од најжестоките ривалства во Лондон. По пауза од цели 14 години, утре од 13:30 часот Вест Хем ќе гостува кај својот голем ривал Милвол.
Последниот меѓусебен дуел се одигра во 2012 година и заврши без голови, а навивачите на Милвол со нетрпение го очекуваат новото соочување уште од моментот кога минатата сезона стана јасно дека Вест Хем ќе ја напушти Премиер лигата и ќе се пресели во Чемпионшип.
Поради историјата на ривалството и бројните инциденти во минатото, лондонската полиција веќе презема сериозни безбедносни мерки. На улиците во југоисточен Лондон се очекува да бидат распоредени околу 400 полицајци, со цел да се спречат можни пресметки меѓу навивачките групи.
Ривалството меѓу Милвол и Вест Хем со децении е едно од најжестоките во англискиот фудбал. Судирите меѓу нивните навивачки групи беа особено чести од 1970-тите до почетокот на 2000-тите. Во 1986 година, навивач на Вест Хем беше убиен од поддржувач на Милвол, додека на дербито во 2009 година еден човек беше избоден со нож.
El primer Millwall – West Ham para este gordito EFL, y encima en la Championship. Una caricia al alma. A nivel fútbol inglés es el partido más esperado por el neutral: rivalidad longeva y muy violenta, 14 años sin enfrentarse y mucho marketing detrás. https://t.co/ArDyitnL83
— Juann Champ (@Div_Inf_England) September 18, 2026
Тогаш ситуацијата дополнително ескалираше откако навивачи влегоа на теренот по голот на Вест Хем, по што следуваа апсења. По натпреварот, полицијата за сузбивање нереди беше распоредена и на „Грин Стрит“, во близина на поранешниот стадион на Вест Хем, „Аптон Парк“.
Ова легендарно ривалство стигна и до филмското платно преку култниот филм „Green Street“ од 2005 година.
Кога станува збор за табелата, Вест Хем моментално е лидер во Чемпионшип со 14 бодови по седум кола, додека Милвол се наоѓа на 11. место со 10 бодови.