„Кралевитe“ немаат за што да играт во Примера, целиот фокус им е насочен кон Лигата на шампионите, па Зинедин Зидан направи голем број на измени во составот и им укажа шанса на оние со помала минутажа. Сепак и оние кои добија шанса не беа нешто посебно расположени за надигрување, но и со такво залагање Реал стигна до триумф од 2-1.
Резултатот го отвори Бејл во 8. минута. Велшанецот се најде на право место и еден отпадок го смести во мрежата на гостите. Мајорал зголеми на 2-0 на финишот од првиот дел, но голот најпрво беше поништен на асистенција на помошникот поради офсајд. Сепак главниот судија и без ВАР убаво процени дека гостински фудбалер ја закачи топката, па ја преиначи одлуката и покажа кон центарот.
Во продолжението од мечот, Леганес стигна само до почесен гол преку Брашанац.