142
Де Шиљо е повреден, па Квадрадо ќе игра како десен бек, додека пак местото на Киелини ќе го завземе Ругани а не Бенатија. Во офанзивна 4-3-3 формација, Алегри во форот ќе игра со Игуаин, Коста и Манџукиќ, па тоа значи дека најдобриот стрелец Дибала мечот ќе го започне од клупата.
Спалети исто така направи неколку измени. Весино откако се опорави од повредата добива шанса во првиот тим, а и Кандрева се враќа во старните единаесет.
Интер (4-2-3-1): Хандановиќ, Кансело, Шкринијар, Миранда, Д’Амброзио, Весино, Брозовиќ, Кандрева, Рафиња, Перишиќ, Икарди
Јувентус (4-3-3) : Буфон, Квадрадо, Барзаљи, Ругани, Алекс Сандро, Кедира, Пјаниќ, Матуиди, Даглас Коста, Игуаин, Манџукиќ.