Барса поучена од она што и се случи минатото лето, сега мудро молчи

by
1 минути читање

И покрај тоа што до почетокот на летниот преоден рок има уште два месеци, секоја недела има шпекулации за тоа кој играчи би можеле да пристигнат на Камп Ноу.

Барса веќа го „капариса“ Артур од Греамио и има опција летоска да го купи фудбалерот од средниот ред, а исто така подолго време се говори дека „Каталонците“ ќе ја активираат откупната клаузула на Антоан Гризман вредна 100 милиони евра.

Па претседателот Жозе Мариа Бартомеу беше запрашан за активностите во преодниот рок. И додека тој храбро најави дека е спремен да го врати Нејмар, одби да откри со каков буџет за засилувања ќе располагаат.

Барса мудро молчи со оглед на тоа дека минатото лето кога сите дознаа дека клубот од „Камп Ноу“ инкасира 222 милиони евра од продажбата на Нејмар, почнаа да им бараат нереално високи суми. Дормунд успеа да се избори за 150 милиони за Дембеле, а Ливерпул доби 160 милиони евра за Кутињо.

„Сакам најдобрите играчи да играат во Ла Лига, па секако дека отворен сум за идејата да го вратиме Нејмар“ – вели Бартомеу.

Што се однесува до сумата за засилувања, тој порача: „Не можеме да им откриеме премногу на ривалите. Минатото лето сите знаеа дека од Катар добивме чек од 222 милиони евра. Има лета кога можеме да трошиме повеќе, но нема да соопштам ништо повеќе“.

За Барса обично важи дека трансфер буџетот е 60 милиони евра, плус се она што ќе го добијат од продажба на играчи, но некогаш „Каталонците“ знаат многу повеќе да го одврзат ќесето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани