Ливерпул одигра
само нерешено на домашен терен против Стоук во денешниот меч, а притоа не успеа
да погоди во мрежата од голот на противникот кој очајно се бори за опстанок во
елитното друштво на Премиерлигата.
Првата ѕвезда на
тимот од Енфилд, Мохамед Салах игра во животна форма, но тој не успеа да погоди
при една зицер ситуација во почетната фаза од средбата, па многумина останаа во
неверување по тоа што го промаши Египјанецот…
(шансата на Салах на почетокот од хајлајтсот)
Дали со ова треба
да има загриженост кај фановите на Ливерпул во пресрет на реваншот против Рома
на гостински терен, останува да видиме. Рома претходно иако загуби со 4-1 на
гостувањето кај Барселона, дома славеше со 3-0 во една блескава партија. Во
полуфиналето, на терен на Ливерпул загуби со 5-2, па доста интересно се чини ќе
биде на реваншот во Рим.