Барселона веќе го има избрано наследникот на Ханси Флик

by bojan
2 минути читање

„Каталонците“ размислуваат долгорочно, внимателно следат неколку тренери кои би можеле да се вклопат во нивната фудбалска филозофија, а еден од нив особено го привлекува вниманието, Сеск Фабрегас.

Барселона е исклучително задоволна од она што Ханси Флик го направи откако седна на тренерското столче. Германецот пристигна со задача повторно да го врати клубот на врвот, а досега успеа да освои две титули во Ла Лига и да изгради тим кој има квалитет и амбиции за највисоки дострели. Во клубот веруваат дека овој состав може да им го донесе и долгоочекуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Ханси Флик и понатаму ја ужива целосната доверба на раководството, кое сака соработката да продолжи. Неговиот договор е до 2028 година, со опција за продолжување на уште една сезона, па во моментов воопшто не постои процес за пронаоѓање негов наследник.

Сепак, тоа не значи дека во Барселона не размислуваат долгорочно. Клубот внимателно следи неколку тренери кои би можеле да се вклопат во неговата фудбалска филозофија, а еден од нив особено го привлекува вниманието, Сеск Фабрегас.

Неговата работа во Комо не помина незабележано. Сеск Фабрегас пред три години се приклучи на италијанскиот проект и одигра огромна улога во неверојатниот развој на клубот.

Комо од Серија Б стигна до Лигата на шампионите, а успехот на Сеск Фабрегас неизбежно го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Сепак, не е само резултатот што ги импресионирал луѓето во Барселона. Според „Спорт“, токму начинот на кој Сеск Фабрегас го поставува тимот, неговиот стил на игра, подготовката на натпреварите се дел од причините поради кои тој добил сериозна поддршка во каталонскиот клуб.

Особено впечатлив е и развојот на играчите во Комо. Под водство на Сеск Фабрегас, вредноста на составот на италијанскиот клуб порасна од околу 31 милион евра на неверојатни 535 милиони евра.

Токму поради тоа, Барселона внимателно го следи секој негов чекор и Сеск Фабрегас го смета за една од најатрактивните опции за тренерската позиција во иднина, кога еден ден ќе дојде време за наследник на Ханси Флик.

Како што објаснува Спорт, „каталонците“ дури презеле и конкретни чекори за да си ја обезбеди позицијата однапред.

Имено, една од влијателните личности во клубот му испратила јасна порака на Сеск Фабрегас: доколку некогаш одлучи да стави крај на својата приказна во Комо, прво треба да разговара со Барселона, пред да ги разгледа останатите понуди.

Секако, во моментов нема никаква намера за промена на тренерот, ниту пак постои причина за такво нешто, Ханси Флик има договор, доверба од клубот и одлични резултати зад себе.

Но Барселона очигледно сака да биде подготвена за иднината. Вратата за враќање на Цеск Фабрегас на „Камп Ноу“ повторно е отворена, овојпат не како фудбалер, туку како тренер на првиот тим.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×