Францускиот арбитар не му прости на Симеоне поради зборовите кои тренерот на Атлетико Мадрид ги упати кон него (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид
од 13. минута па се
до
крајот играше со играч помалку на синоќешниот дуел со Арсенал, каде одигра 1-1
во Лондон во првиот меч од полуфиналето во Лига Европа.

Невнимателниот
Врсаљко предвреме беше испратен во соблекувалната поради два жолти картони уште
во почетната фаза од средбата, а со тоа не можеше да се помири шефот на
стручниот штаб на шпанскиот прволигаш, Симеоне.

Шпанските медиуми
пренесуваат дека Симеоне на делителот на правдата Турпан му се обратил со
зборовите „Кучкин син“, камерите ја регистрираа неговата реакција, а
францускиот арбитар веднаш го испрати на трибините.

class="twitter-video" data-lang="en">

pic.twitter.com/YXYrwlAANj

Дали
аргентинскиот стратег ќе биде суспендиран поради ова, останува да видиме каква
ќе биде реакцијата на УЕФА по ова прашање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани