Бура во Премиерлигата: Судиите му се извинија на Манчестер јунајтед за грешката при голот на Халанд

by bojan
2 минути читање

Телото задолжено за судењето, Про Реф призна дека е направена грешка при голот на Ерлинг Халанд за победа на Манчестер Сити во градското дерби, и му се извини на Манчестер јунајтед.

„Граѓаните“ вчреа со 0-1 славеа на Олд Трафорд и покрај тоа што повеќе од еден час играа со играч помалку.

Ерлинг Халанд беше стрелец на голот, кој предизвика многу контроверзии и полемики на „островото“.

Погодокот во прв момент беше поништен поради офсајд, но по долга ВАР проверка беше признат. ВАР процени дека Ерлинг Халанд не бил во офсајд, стапалото на Патрик Дрогу, го држело во дозволена позиција.

Сепак, остана спорна позицијата на Енцо Фернандез, кој беше во офсајд, но не ја допре топката.

И тука е направен пропустот, со оглед на тоа дека Аргентинецот се обиде да игра, ситуацијата станува субјективна и ВАР наместо да одлучи, требал да го повика главниот судија Мајкл Оливер лично да ја прегледа ситуацијата.

„Судијата на теренот првично досуди офсајд на Халанд, а ВАР ја провери ситуацијата и утврди дека напаѓачот сепак бил во дозволена позиција. При разгледувањето на истата акција беше утврдено дека Енцо Фернандез не игра со топката, што значи дека евентуалниот прекршок за офсајд е прашање на субјективна проценка. Во овој случај, ВАР не го препознал можното влијание на Фернандез и трабаше да го повика главниот судија лично да ја прегледа ситуацијата“ – се вели во соопштението на судиите.

„Стапивме во контакт со Манчестер јунајтед за да признаеме дека, според нашата проценка, станува збор за грешка во судењето. Ситуацијата дополнително ќе биде разгледана“.

Речиси сите стручни коментатори и поранешни судии што го работеа предност на градското дерби се чудеа како може голот да биде признат со оглед на тоа дека Енцо Фернандез имаше намера да ја игра топката и со тоа влијаеше на целата акција.

Добро е што судиите признаа грешка, но извинувањето малку ќе му значи на Манчестер јунајтед, кој остана со празни раце.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×