Кој лаже? Медиумите веднаш го потсетија Мурињо што зборуваше за Салах во 2015

by
2 минути читање

Мохамед Салах
пристигна на Стемфорд Бриџ во јануари 2014, но откако не успеа да се наметне за
поголема минутажа, на почетокот од 2015 беше испратен на позајмица во
Фиорентина како дел од трансферот на Хуан Квадрадо.

Египјанецот имаше
одлични неколку месеци во Фиренца, но тоа не беше доволно за Жозе Мурињо да му
укаже нова шанса, и наместо да го врати во своите редови, го испрати на нова
позајмица, овој пат во Рома. „Волчицата“ доби и опција во целост да го купи
играчот, и клубот од Рим го стори тоа.

Па многумина му
замерија на „Специјалниот“ за начинот на кој се откажал (слично како и за Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујне)
од Мо Салах, кој сега блеска во дресот на
Ливерпул. Португалецот како одговори на критиките посочи дека одлуката била
донесена од страна на Челси, и лага било дека тој го продал играчот.

Но медиумите
веднаш пронајдоа изјава на оваа тема од 2015, и го потсетија Португалецот што
говорел пред три години.

„Неговата иднина
ја гледам на друго место, или ќе биде продаден или ќе биде позајмен во
зависност од тоа каква ќе биде најдобрата понуда која ќе ја добиеме. Имаме пет фудбалери за крилните
позиции и најдобро е Салах да не се врати
– истакна Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани