Мурињо со порака до критичарите: Зошто никој не кажува дека можевме да му дадеме ОСУМ гола на Интер?

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо вели дека неговиот тим не ги заслужил критиките по победата над Интер во Лигата на шампионите, прашува зошто никој не кажува дека можеле да му дадат осум погодоци на противникот.

„Кралевите“ во вторникот со 2-1 го совладаа Интер во првото коло во Лигата на шампиони, но навивачите не беа особено задоволни од играта на своите миленици, па во текот на натпреварот со свирежи ги испратија дел од фудбалерите.

И шпанските медиуми беа доста критични кон Реал Мадрид и покрај остварената победа, па ова не му се допадна на Жозе Мурињо.

„Точно е дека Интер можеше да ни даде четири гола, но ние можевме да им дадеме ОСУМ гола. Зошто никој не кажува дека можевме на Интер да му дадеме ОСУМ гола?“ – праша „специјалниот“ на средбата со новинарите пред натпреварот против Рајо.

„Или зошто никој не кажа дека сме одиграле добро во одбрана? Зарем не им е мило што победивме?“

„Во стручниот штаб сме многу задоволни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×