Врсаљко го заработи најбрзиот прв и најбрзиот втор жолт картон оваа сезона во ЛЕ, беше ли оштетен Атлетико? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шиме Врсаљко нема
по убаво да го памети гостувањето во Лондон во полуфиналето од Лига Европа,
Хрватот на теренот помина само 10 минути.

Тој влезе во
бележникот на судијата по една минута и 15 секунди игра за старт над Велбек и
ова беше најбрзиот прв жолт картон оваа сезона во Лига Европа.

Судијата немаше милост за фудбалерот на Атлетико ниту во следната ситуција кога
дефанзивецот го нагазна Александре Лаказет. Арбитарот извади нов картон, кој
исто така беше најбрзиот втор жолт оваа сезона (девет минути и девет секунди)
што значеше и автоматски црвен.

Диего Симеоне не
се сложуваше со одлуката, жестоко протестираше па и тој беше испратен на трибини.
Многумина сметаат дека „Колчонероси“ се оштетени, судијата избрзал и требал да
го предупреди за последен пат Шиме Врсаљко.

Ова е стартот за
вториот картон, погледнте и сами проценете:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани