Манчестер Јунајтед пред повеќе од една деценија имал можност да го доведе Килијан Мбапе, но проценката на клупските скаути била доволна англискиот гигант да се откаже од трансферот.
Приказната ја откри Рајан Гигс, кој во тој период беше дел од стручниот штаб на Луј ван Гал. Велшанецот сосема случајно слушнал за тогаш младиот Французин додека бил на одмор во Франција.
Додека се враќал кон хотелот по прошетка на плажата, Гигс наишол на човек по име Лионел, кој му кажал дека внимателно го следи младинскиот фудбал. Тој му го посочил токму Мбапе како фудбалер на кој треба да му посвети внимание.
Гигс сериозно ја сфатил информацијата. По неколку недели пристигнале дополнителни податоци за младиот напаѓач, па тој и Алберто Стуивенберг започнале детално да ги анализираат неговите настапи за младинскиот тим на Монако.
Впечатокот бил одличен. Според Гигс, уште на првите натпревари било очигледно дека станува збор за необичен талент. Информациите веднаш биле испратени до скаутската служба на Манчестер Јунајтед.
„Погледнавме неколку младински натпревари на Монако и реакцијата беше: ‘Леле, што е ова?’“, истакнал Гигс, нагласувајќи дека Мбапе уште тогаш изгледал како исклучително посебен талент. Воодушевените тренери веднаш ги проследиле информациите до скаут службата на „црвените ѓаволи“.
Скаутите потоа отпатувале во Париз за да го гледаат Мбапе во живо на натпревар против ПСЖ. Но, токму тој меч бил пресуден за пропаднатата можност. Проценката на луѓето задолжени за следење на талентите во клубот била дека не се доволно убедени во квалитетите на Французинот.
Гигс се распрашал за нивното мислење, но добил негативен одговор. Јунајтед решил да не продолжи со идејата за негово ангажирање.
Ryan Giggs reveals Man Utd REJECTED chance to sign Kylian Mbappe in one of the most costly mistakes ever
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) September 9, 2026
https://t.co/2ODxldyPrK