175
Веќе подол период
неколку тренерски имиња кружат низ медиумите за тоа кој ќе го наследи Арсен
Венгер на клупата на англискиот Премиерлигаш Арсенал, една од опциите е
тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Тој демантира
дека има реалност во тие шпекулации, а воедно додава дека ужива во својата
работа во шпанскиот прволигаш.
„Не
сум разговарал со никого од Арсенал, уживам во својата работа во Атлетико
Мадрид. Првата работа која ми паѓа на памет во врска со Арсен Венгер е
воодушевување од тоа што го стори во неговата тренерска кариера. Себе си се
гледам како млад тренер кој внимателно го следи и учи од него. Позицијата која
тој ја има во фудбалот е прекрасна“ рече Симеоне.